Секој има некој талент, што веќе го покажал или го чува за себе, но она што може да го направи Даниел Јованов ги импресионира, дури и најголемите вљубеници во автомобилите.
Даниел Јованов е поранешен натпреварувач во шоуто Австралија има талент (Australia’s Got Talent), и е веројатно најдобриот имитатор на звуците што ги прават спортските автомобили на планетата. Нема информација дали Даниел има македонско потекло со оглед на неговото презиме, но сигурно е дека корените му се од Европа и Балканот.
Може да имитира многу различни звуци на автомобили, рели автомобили па до супер возила. Интересно е дека Volkswagen уште во 2014 година го повика на интересно натпреварување со нивните тогашни рели возачи, Себастијан Ожије, Јари Мати Латвала и Андреас Микелсен.
Тогаш Даниел ги тестира тројцата возачи на VW во Светскиот рели шампионат (WRC) колку им е истенчен слухот за мотори. Даниел имитира некој автомобил, а рели возачите треба да погодат за кој автомобил станува збор.
Честопати го повикуваат на саемите на спортски возила и други изложи каде само го потврдува неговиот талент.
Погледнете неколку видеа како изгледа имитирањето на Даниел.
https://youtu.be/QFGHqiB-dqE

Следете не и на:

