Погледнете каков е чадот од ауспухот – дознајте каков проблем има возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Кога автомобилот чади тогаш тоа обично не е добар знак односно најчесто тоа е појава на проблем кој бара посета на механичар и трошоци за сервис.

Доколку ви се случи некоја неправилност за време на возењето со издувните гасови тогаш е потребно да го запрете возилото и да направите контрола на нивото на моторното масло и на течноста за ладење.

Издувните гасови на вашиот автомобил можат да бидат во разни бои, а секоја од нив може да иницира и неисправности кои можат да имаат безброј различни причини или во продолжение ќе можете да ги прочитате најчестите.

Син чад

Најчесто се работи за согорување на маслото во комората за согорување во внатрешноста на цилиндарот на моторот или пропуштање на масло од страна на турбо полначот, а тоа значи дека постои опаснсот од потрошувачка на моторното масло. Со смалувањето на количината на масло доаѓа до недостаток за подмачкување на движечките делови на моторот. Тоа би можело да влијае на посилно трошење на тие делови. Последиците можат да бидат исклучително скапи доколку не се реагира на време.

Кај моторот се забрзува трошење на механизмот на клиповите и разводниот механизам како и другите подвижни ротирачки или лизгачки делови во внатрешноста на моторот. Кај новите мотори, технологиите за обработка на материјали и делови се така изведени за најчесто да не е можно да се обновуваат туку исклучиво да се заменат со друг исправен мотор или фабрички ремонтиран мотор.

Бел чад кој брзо го снемува како пареа

Најверојатно причина е протекување на течноста за ладење на моторот (несправна тапа на главата на моторот). Најчесто е присутно и прегревање на моторот според индикаторот на температура на контролната плоча.

Веднаш после палењето на ладниот мотор исто така може да се појави бел чад. Загревањето на моторот доаѓа од кондензација на издувниот систем, а како расте температурата така и водата испарува и поради тоа може да се појави бел чад (пареа). Значи, зад ова не стојат некои непрвилности во работата на автомобилот. Доколку автомобилот го користите зачестено на кратки релации може да се случи целиот концензат да не испари, но тоа не е добро бидејќи може да кородира издувниот систем.

Црн чад

Кај бензинците тој е знак дека согорува премногу горови и потребно е да се провери филтерот за воздух. Можни се и посериозни проблеми со моторот или со составот за вбризгување.

Кај дизел возилата, доколку возите само градски делници при ниски брзини во филтерот може да се соберат премногу саѓи, а сето тоа може да резултира со чадна завеса кај одредени постари генерации на восила со овој филтер кое може да биде проследено и со вклучување на сијаличките на инструмент таблата која што ја симболизира филтерот. Пронајтеде пат на кој ќе можете да возите побрзо и да го причистите филтерот со карактеристичен краткотраен облак од црн чад.

Што да се направи?

Ако некоја од овие неправилности се случи ненадејно потребно е да се запре возилото и да се направи контрола на нивото на моторно масло, како и на течноста за ладење, а доколку нешто недостига тогаш тоа може да биде брз показател за каков проблем навистина се работи.

Исто така, доколку количните на масло и течност за ладење се во нормала, тогаш е отворена можноста чадот да се појави поради зголемена потрошувачка на гориво, па е потребно да се направи примерок за потрошувачка на гориво на поминати 100-500 километри. Доколку потрошувачката е зголемена (за 1-2 литри/100 км повеќе) може да биде појасно од кој извор доаѓа до чадот во издувните цевки.

Пред примената на кој било од наведените методи или продолжувањето на возењето препораката е да се користат упатства на возилото или да се контактира сервисот со оглед на тоа дека бојата на чадот од издувните цевки моѓе да помогне на сервисот во анализа на проблемот на растојание и да процени дали ќе се продолжи со возење или ќе се откаже.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK