Куќата на иднината е Cyberhouse. Инспирирана од Cybertruck-от на Tesla, оваа куќа е дизајнирана од страна на руски архитекти во рамките на агенцијата ModernHouse.
“Оваа куќа е дизајнирана за живот во пост-апокалиптичниот период” кажуваат од агенцијата. При тоа тие наведуваат дека оваа куќа е во целост инспирирана од Cybertruck, а при тоа може да издржи и нуклеарна експлозија.
Овој луксузен “бункер” е на повеќе нивоа, а ѕидовите се направени од дебели бетонски блокови и челик, а при тоа се користени и иновативни материјали кои го намалуваат екстерното влијание.
Нето површината на оваа куќа изнесува 300 метри квадратни, а во неа непречено може да живеат 6-7 лица. Главна карактеристика е лифтот за автомобили со кои можете да го сместите вашиот автомобил во бункер под земја. Почетната цена на оваа куќа изнесува 865 илјади американски долари.