Погледнете го новото BMW i4

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси три месеци пред планираното официјално претставување, BMW ја покажа електричната верзија со четири врати на купето 4 Sеriеs. Таа ги надополнува претходно прикажаните iX3, iX и i3, кои се на пазарот уште од 2013 година. Како што може да се види од фотографиите, разликите со вообичаената 4 Sеriеs се минимални.

Дизајнот на браникот е малку поразличен во споредба со тој кај верзијата со мотор со внатрешно согорување, а BMW не планира да се откаже од големите „бубрези“, па дури тука и остануваат, иако не се со така функционална улога.

Во страничниот профил разликите се главно во додадената врата бидејќи рачките на вратите се различни за подобрена аеродинамика. Сини акценти може да се видат низ целото купе, симболизирајќи го еколошкиот момент на моделот.

Задниот дел исто така има добиено нов браник и различен дифузер, кој ги задржува стоп светлата на купето со две врати. Новите тркала исто така ќе бидат достапни за i4, а и тие ќе помагаат за подобра аеродинамика на автомобилот.

„Со својата спортска визија, најдобрата динамика во класата и нула локални емисии, BMW i4е вистинското BMW“, вели Питер Нота, член на управниот одбор на BMW AG.

Нема детална информаицја за внатрешноста, погонот и батериите на i4, а единсвеното што се споменува е моќноста која ќе биде 523 коњски сили, а максималната километража со едно полнење е 590 километри.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе одзема 4 секунди за најмоќниот модел, но повеќе информации ќе бидат познати наскоро кога од BMW ќе понудат повеќе информации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK