недела, 25 декември, 2025 година

Поевтина патарина во Македонија – треба само да користиш електронска наплата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Меѓу новините што се воведуваат на македонските патишта е користењето на електронска наплата на патарините. Тие не само што треба да го забрзат протокот на возила, туку ќе им донесат и попуст на корисниците. За во среда е најавено почетокот на електронската наплата.

Со електронската наплата на патарината граѓаните би добиле попуст од 2 до 7 отсто на патарините долж Коридорот 10, односно од Табановце до Гевгелија.
Доколку сакаат да платат со новиот систем, граѓаните ќе треба на наплатните рампи да купат електронска картичка по цена од 100 денари. Втората опција е за 1.200 денари да се набави таг за автоматско отчитување на патарината.

- Advertisement -

И двата електронски уреди ќе треба да се надополнуваат, при што возачите ќе добијат попуст од 2 отсто доколку надополнетата сума изнесува од 301 до 10.000 денари, 3 отсто попуст за надополнета сума од 10.001 до 50.000 денари, 5 отсто попуст за надополнета сума од 50.001 до 300.000 денари и 7 отсто намалување на цената за патарина при надополнување на сума од над 300.001 денари.

Од електронскиот начин на наплата на патарините најголема корист ќе имаат компаниите од областа на транспорт на стока и патници, кои секојдневно со автобуси и камиони по неколку пати ги минуваат наплатните рампи во земјава.

Канал 5 денеска имаше можност ексклузивно да се запознае со начинот на фунционирање на системот.

До мај идната година се очекува сите патарини низ земјава да бидат дигитализирани. Акцентот во иднина ќе се стави на електронската наплата, но сепак плаќањето во готово нема да се укине.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја