За оваа казна не е предвидено можност замена со казнени поени. Истата ќе мора да ја платите. Ако ја платите во рок од 8 ден тогаш се намалува за половина.
Во Скопје и некои градови во Македонија подолго време постои систем на движење по еднонасочни улици особено во центарот кои треба да овозможат побрз сообраќај, и да се ограничи недозволеното запирање. Ова е особено важно во тесните улички каде досега постоеше двонасочно возење.
Но, некои возачи сакајќи да заштедат на движење од неколку десетина метри најчесто, не ги почитуват поставените значи и сигнализација и наместо да направат кругче за да стигнат до посакуваното место „кратат“ за да излезат на двонасочната улица. И тогаш ко за беља се појавува полицаец кој ве запира.
Објаснувањето дека се тоа „само неколку метри“, дека брзатем дека не сте знаеле тешко ќе поминат. Според Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата ако возите во забранета насока следува казна.
Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој постапува спротивно на одредбата од Законот. Ако ја платите во овој рок, тогаш нема да ја платите целата сума туку половина – 150 евра.
Казната треба да ја платите во рок од 8 дена и да однесе доказ во во полициска станица, односно полициско одделение кој го издал мандатниот платен налог или во најблиската полициска станица, односно полициско одделение или на друг начин пропишан со посебен пропис.