вторник, 25 декември, 2025 година

Подновениот и освежен Peugeot 3008 премиерно на 1 септември

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Најавите од јануари годинава се реализираат – подновениот Peugeot 3008 доаѓа уште годинава, а премиерата ќе се одржи на 1 септември на он-лајн настан.

Станува збор за подновување на втората генерација претставена во 2016 година. Според фотографиите кои се појавија на интернет задниот дел има минималн измени додека на предниот дел доаѓа целосно новата маска, LED светла и браник инспирирани од малиот Peugeot 208.

- Advertisement -

Peugeot 3008 кој е треиот најпродаван модел во својот сегмент по Nissan Qashqai и VW Tiguan, во понудата ќе биде достапен со 1,6 литарскиот мотор, но и во plug-in хибридна верзија.

Според пишувањата на француските медиуми кои се повикуваат на инсајдерски извори од PSA Групацијата, во продажба овој подновен модел ќе се појави кон крајот на годинава. Цената засега останува непозната.

Инаку овој модел во понудата на францускиот произвдоител беше воведен во април 2009 година откако претходната година беше премиерно претставен во Дубровник.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја