Mazda го претстави редизајнот на четвртата генерација на најмалиот модел во понудата 2 па сега открива дека во Европа ќе дојде на почетокот на следната година.
Овој модел кој е познат и под називот Demio ќе дојде во Европа, но со низа “недостатоци”. Така во понудата повеќе нема да биде 1.8 литарскиот турбо дизелски Skyactive-D мотор кој останува во понудата во матичната земја, Јапонија.
Јапонците исто така ќе имаат поголеми привилегии и во изборот на повеќе нивоа на опременост додека во Европа ќе бидат понудени само три нивоа, но си истата напредна технологија.
Првата генерација на овој модел е лансирана во 1996 година, а оттогаш па речиси на секој шест години јапонскиот производител лансира по една генерација. Исклучок е оваа генерација каде по шест години Mazda се одличи да претсави само подновена верзија на овој модел.