Подгответе се: Доаѓаат евтини дизели од Германија

ОБЈАВЕНО НА:

По одлуката на Германскиот Врховен административен суд им дозволи на градските власти да го забранат движењето на автомобили со дизел мотори.

Ако чекате да купите автомобил, и тоа половен сега веројатно цените ќе им бидат пониски од досегашните, особено ако возилото планирате да го донесете од Германија. Сега веројатно во повеќе земји од Источна Европа ќе пристигнат контингенти на дизелски возила од Германија. Причината е што Германскиот Врховен административен суд им дозволи на градските власти да го забранат движењето на автомобили со дизел мотори.

Така провинциите, градовите и општините добиваат право да наметнуваат ограничувања во своето дискреционо без да се во согласност со федералниот закон. Одлуката става крај на контроверзната дебата за улогата на дизелот околу загадување на воздухот. Тоа сепак се смета за клучно и за иднината на автомобили што користат нафта воопшто, бидејќи неизбежно ќе влијае на цените на најмалку 12 милиони возила на најголемиот автомобилски пазар во Европа.

Судот ги игнорираше аргументите на канцеларот Ангела Меркел, чиј кабинет се изјасни против барањето на локалните власти да можат да забранат движењето на дизелските автомобили поради еколошка цел. Федералната влада смета дека така ќе биде оштетен интересот на илјадници сопственици, а јавниот транспорт не е подготвен да се компензира со толку драстична промена во организацијата на превозот.

Судската битка започна по тужба на еколошки организации DUH да се побара одговорност на големите загадувачи на воздухот во германските градови. Уште од самиот почеток на случајот почнаа да се појавуваат прогнози за големо поевтинување на дизелските автомобили при евентуална забрана и бум на извозот во земјите од Источна Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK