Подгответе плус пари: Нов туристички данок во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Грција е најпопуларна дестинација за патување на македонските граѓани во текот на годината, но од 1 јануари за престој во оваа земја ќе треба да платите плус пари бидејќи е воведен нов туристички данок. Износот на дополнителниот надомест за “престој” зависи од видот на сместувањето.

Таксата се плаќа на лице место од туристите при сместување во Грција и варира во зависност од официјалниот рејтинг на објектот. Во некои случаи, новиот данок е веќе вклучена во вкупната цена, кога се резервира преку booking.com.

Цените се:

Апартмани (сите категории): 0,50 евра по соба на вечер

хотели:

1-2 ѕвезди: 0.50 евра по соба на вечер

3 ѕвезди: 1.50 евра за соба на вечер

4 ѕвезди: 3 евра на соба на вечер

5 ѕвезди: 4 евра на соба на вечер

Претседателот на туристичката комора на Грција, Јоргос Цакирис смета дека државата ќе заработува околу 84 милиони евра годишно од оваа такса, но економијата ќе загуби 340 милиони евра. Тоа го покажува истражувањето на консултантската компанија Grant Thornton. Според анализата новиот данок ќе ја подигне просечната цена на соба со 1,9%, што ќе ја намали побарувачката и тоа ќе доведе до пад од 2,5% (435 милиони евра) во приходите на хотелите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK