Подгответе го вашиот автомобил за зима

ОБЈАВЕНО НА:

Како што на луѓето во зима им треба потопла гардероба, така и на автомобилите им треба посебна подготовка за зимски услови. Со оглед на тоа што зимата е веќе на прагот, не би било лошо возачите да се подготват за годишното време кое наближува.

Важно и добро е да се знае дека одржувањето и подготвувањето на автомобилот некогаш можат буквално да ви го спасат животот.

Еве неколку важни работи кои треба да ги направите и да ги проверите пред зимата.

ЗИМСКИ ГУМИ  – Тие се задолжителни од 15 ноември до 31 март во услови на снег и мраз. Затоа е добро да ги набавите навреме. Оние кои ги имаат би требало да ја проверат длабочината на шарата, која не би смеела да биде помала од 4 мм. Треба редовно да се проверува и притисокот на гумите особено кога температурите се ниски. Квалитетни зимски гуми подобро прилепуваат за асфалтот и така го олеснуват управувањето на автомобилот и кочењето во текот на зимските денови. Тоа е една од работите на кои никако не би требало да се штеди. Задолжително проверувајте ја состојбата и притисокот и на резервната гума.

АНТИФРИЗ – Проверете го нивото на антифриз во садот каде се сипува и неговата температура на мрзнење. Тој ќе спречи да пукне блокот на моторот. Немојте да чекате температурата да падне под 0 степени. Ако не сте го смениле антифризот барем три години тогаш задолжително направете го сега. Проверете ги и другите течности.

АКУМУЛАТОР – Проверете го акумулаторот и системот за негово полнење. Ниските температури и влагата се многу исцрпувачки за акумулаторот и комплетната електрична инсталација. Покрај тоа, задолжително во багажникот носете и кабли за палење на акумулатор од друг автомобил.

СВЕТЛА – Проверете и дали сите светла на автомобилот се исправни. Тоа е една од примамливите работи кои ви овозможуваат да гледате и да бидете видени на патот. Студот и влагата влијаат на работниот век на сијалиците.

БРИСАЧИ – Во зимските месеци брисачите се користат многу. Поради студот и честото валкање на стаклото често се оштетуваат. Проверете дали бришат правилно, а најдобро е да ги замените. Сипете зимска течност за перење на стакло, која не замрзнува. Немојте да ја мешате со старата (летна). Најдобро е прво да ја потрошите старата.

МАСЛО ВО МОТОРОТ – Квалитетно и чисто моторно масло ќе го заштити вашиот мотор од оштетување при ладни стартови. Користете масло според спецификацијата на произведувачот на вашиот мотор. Кога менувате моторно масло, задолжително заменете го и филтерот.

РЕМЕНИ И ЦРЕВА – Проверете ги сите ремени на моторот и црева. Старите и круги гуми нема да ги издржат ниските температури.

ФИЛТЕР – Пред зимата заменете го филтерот на климата (кабините). Низ него струи воздух и кога е вклучена вентилацијата, а не само климата, што во текот на зимата е речиси потојано. Честото валкање и бактериите кои се собираат во текот на летото и есента лесно можат да дојдат до извалканиот филтер во кабината кога ќе ја вклучите вентилацијата.

ЗАШТИТА НА БОЈАТА – Дожд, снег и солта создаваат оштетувања на бобата. После перење, заштитете ја бојата со слој на восок. Така бојата ќе остане зачувана и ќе го задржи стариот сјај.

КОМПЛЕТ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ – Подгответе сè што може да ви помогне во случај да останете завеани или во дефект некаде на патот. Тука спаѓаат стругач за мраз, ланци за снег, мала лоата, батериска лампа, ќебе, свеќи, ракавици, кибрит, шишиња вода, ќоколада и комплет за прва помош. Исто така не би било лошо да имате и авто полнач за мобилен телефон. Телефонот би требало да го носите постојано за да можете во непредвидена ситуација да повикате помош.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK