Подготвени за патување: Немојте да ги правите овие грешки

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е период кога вообичаено повеќе се патува, и се користи секој момент да се мине со друштво или семејство на планина, езеро или море. Колку е важно ние да бидеме подготвени за она што не очекува, така важно е и автомобилот да биде подготвен, а патниците, особено возачот да знае кои грешки не треба да ги прави.

Доколку патувате на одмор, или пак се решите за патување надвор од државата со возило, пред тргнување подгответе ги сите неопходни документи. Добро распрашате се за сообраќајните прописи во земјите во кои ќе патувате, и оние низ кои ќе минувате, бидејќи во странство казните за несовесните возачи се повеќекратно високи

Она на што треба да внимавате при подготовка на автомобилот е контрола на:
– разладните тешности на моторот
– клима уредот
– уредите за миење стакла
– сигнализација
– мотор
– трансмисија на возилото
– издувен систем
– сопирачки
– амортизери

Ако по стигнување на одредиштети имаме намера подолго време да не го користиме возилото поќелно е да се паркира во ладовина и да се прекрие со некоја преслека за да се избегнат дефекти на електрониката и акумулаторот кој не е отпорен на зголемени температури и долг период на не покренување на возилото за време на годишен одмор. Ако возилото не се користи подолго време можно е да се блокира паркирната сопирачка.

Сепак еве некои од најчестите грешки во текот на летниот период

* Долевање на погрешно гориво во резервоарот на возилото

* Возењето на резерва може да ви донесе проблеми. Во текот на летото кога температирите се многу високи можно е патнио ткомпјутер погрешко да пресмета колку навистина има гориво во резервоарот, па да останете без гориво.

* Капење со клучеви од автомобилот, губење на клучевите во водата (море или езеро) или заклучување на клучевите во внатрешноста на возилото.

* Прегрејување на квачилото во долги колони на надолнини, сопирање со квачило наместо со паркирна или ножна сопирачка, влечење н априклучно возило или авто приколлка може целосно да ви го уништи квачилото.

* Незнаење каква помош на пат има (некогаш заедно додека возилото е по дгаранција, или ако се регистрира кај одредена компанија), нити број на телефон па често помош се бара во полиција.

* Лоша подготовка на приклучното возило кое често знае да биде претоварено, со стари и лоши гуми кои може лесно да пукнат. Чести се проблемите со осовините или зглобовите на приколката кога нередовно се сервисираат. Светлата на приколките традиционално се лоши и неисправни, а товарот многу често е лошо прицврстен поради што возачите имаат проблеми кога се движат на автопат.

* Користењето на клима уредот е „нормална работа“, но се препорачува умерено користење поради преоптоварување и дефекти на алтернаторот поради непрестана работа на вентилаторот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK