Британскиот производител Jaguar остана без Јан Калум, човекот кој 20 години работеше како дизајнер во оваа компанија, а најголем дел како главен и одговорен во секторот за дизајн.
Оваа одлука на 64 годишниот Калум доаѓа како гром од ведро небо, пред се поради тоа што само пред неколку денови говореше за идните модели на Jaguar и нивниот дизајн.
Калум кој е роден во Шкотска, својата кариера ја започна во 1979 година во Ford работејќи во центрите за дизајн и развој во Велика Британија, Јапонија, Италија и Австралија. По 11 години замина во TWR Design, пред да стане дел од Jaguar во 1999 година. Тој е најзаслужниот за дизајнот и развојот на Jaguar XK, Jaguar F-Type, Jaguar XF, Jaguar XJ и првиот SUV на британскиот производител F-Pace.
На местото на Калум експресно е назначен Џулија Томпсон, неговиот досегашен заменик кој на оваа функција ќе стапи на 1 јули.