Три недели по светската премиера на целосно новиот компактен СУВ модел T-Roc, од Volkswagen објавија дека во дилерските центри на марката веќе се примаат нарачките за купување на возилото. Оновната верзија на возилото – со еднолитарски TSI погонски агрегат со 115 коњски сили, ќе биде 20.390 евра.
Новиот компактен T-Roc, ветува дека ќе овозможи уживање вообичаеното за офроуд возила, така и за спортски, и однесување на патот, ќе се нуди во верзија со две и со четири тркала (4MOTION), како и со избор меѓу три различни модификации на моторот. Освен со еднолитарски мотор, моделот ќе биде достапен во верзија со дволитарскиот TDI турбодизелов со 150 коњски сили и со дволитарскиот TSI бензински со 190 коњски сили.
Позициониран под Tiguan, моделот T-Roc е развиен на масовната MQB платформа на брендот и ќе нуди пет седишта со товарен простор од 445 литри. Доколку е потребно со преклопување на потпирачите за грб на задното седиште, слободниот волумен се зголемува на 1290 литри.