Почнаа нарачките за Opel Grandland – цените почнуваат од 36.400 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Од утре , 10 октомври почнува да се примаат нарачки за новиот Grandland Hybrid достапен за 36.400 евра, plug-in хибрид моделот ќе чини 40.150 евра и Grandland Electric од 46.750 евра (сите цени се за во Германија). Понатаму, SUV-електричниот батериски ќе се нуди со батерија од 82 kWh (нето капацитет) и локално досег без емисии до 582 километри (WLTP1) во опширно опремената GS опрема за цени почнувајќи од 51.950 евра.

Новиот Grandland е првото Opel возило базирано на BEV-native STLA Medium платформата. Со батеријата од 97 kWh (нето капацитет), која ќе биде достапна наскоро, ќе може да се помине околу 700 km (WLTP) до следното сопирање за полнење.
Заедничко за сите верзии на Grandland: сите се опремени со бројни иновативни технологии, паметни карактеристики и одржливи решенија заедно со неверојатен дизајн благодарение на новиот 3D Vizor со осветлен Blitz амблем.

Новата генерација на Grandland има должина од 4,65 m, ширина од околу 1,93 m и висина од 1,66 m. Ова го прави новиот Grandland за 173 mm подолг, 36 mm повисок и 49 mm поширок од неговиот претходник. Со ова зголемување на димензиите имаат придобивки и патниците а ѝ багажниот простор. Долгото меѓуоскино растојание од 2.795 mm и накосената задна врата го зголемуваат просторот за товарање. Патниците во вториот ред имаат 20 mm повеќе простор за нозете. Задните седишта може да се преклопат 40:20:40 и на тој начин да се добие носивост до 1.645 l.

Cockpit, 10” или 16” централен дисплеј ориентиран кон возачот, и високата централна конзола создаваат спортско чувство.
Ергономските седишта со индивидуално прилагодливи странични перничиња, сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V., исто така обезбедуваат целосно и пред сè, опуштено уживање во возењето. Патентираните ергономски Intelli-Seat седишта се веќе стандардна опрема за предните седишта.

Врвниот SUV на Opel е опремен со бројни системи за помош при возење, вклучувајќи автоматски темпомат со Stop & Go функција, проширено препознавање на сообраќајни знаци, интелигентно прилагодување на брзина и сопирање при судир. Паркирањето и маневрирањето е поедноставно со park pilots напред и назад, камерата за возење наназад со функција за автоматско чистење и 360о Intelli-Vision камера. Intelli-Lux HD светла без отсјај кои за прв пат кај новиот Grandland имаат повеќе од 50,000 eлементи, зголемувајќи ја безбедноста при возење во мрак.

Opel го прикажува својот пристап „Greenovation” со користење на рециклирани материјали во внатрешноста, без користење на хром и нудење на електрифицирани погонски единици. Овој пристап не само што е корисен за животната средина, туку е добар и за перформансите кај новиот Grandland. Првото Opel возило што е поставено на Stellantis STLA Medium платформата, која што беше дизајнирана спесифично за електричните модели. .

Клиентите ќе имаат можност да изберат и hybrid со 48-v технологија. Доаѓа со 1.2 l турбо бензин мотор 100 kW (136 КС) како и 21 kW (28 КС) eлектричен мотор и електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка. Plug-in hybrid доаѓа со 143 kW (195 КС) излезна моќ и 350 Nm вртежен момент.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK