Почна производството на Opel Crossland X

ОБЈАВЕНО НА:

По дебито на саемот во Женева во март, сега почна и сериското производство на моделот Opel Crossland X. Возилото ќе се произведува во фабриката во Зарагоса каде во моментов се произведуваат и моделите Corsa, Mokka X.

Првиот примерок на Crossland X го возеше Карл Томас Нојман, првиот човек на Opel.
Веќе два месеци се примаат порачките за Crossland X во Германија, по цена од 17.000 евра, што е за 2.000 евра помалку во однос на Mokka X.

Crossland X е еден од вкупно седум нови модели на Opel, кои компанијата ќе ги промовира во текот на 2017 година. Crossland X ја дели платформата со идниот Peugeot 2008 и Citroen C3 Picasso, како дел од индустриското партнерство меѓу General Motors и Групацијата PSA.

Продажбата на сабкомпактниот СУВ стартува летово и ќе го замени сличниот миниван Meriva. Ќе се продава покрај поагресивно стилизираниот субкомпактен СУВ Mokka.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK