Почна производството на новиот Hyundai i30 во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот дел на Hyundai објави дека на 25 мај во фабриката на компанијата во Чешка, Hyundai Motor Manufacturing Czech (HMMC), ќе почне производството на освежената нова генерација на развиениот во Европа и предвиден за локалните корисници модел i30.

„Моделот i30 традиционално е еден од најпопуларните автомобили во Европа. Тој навистина е направен од страна за Европјаните во Европа, од дизајн и развој, до финално склопување. Најновиот модел усвојува множество на подобрувања за да биде уште поатрактивен за нашите клиенти кои бараат стилски, безбеден и стилски автомобил во С-сегментот“, вели Андреас-Криштоф Хофман, кој е потпретседател на одделот за Маркетинг и продукти на Hyundai Motor Europe.

Новата генерација на Hyundai i30, која требаше да одбележи светска премиера во време на годинешното издание на саемот во Женева, стапи на пазарот во три основни верзии на купето: i30 Hatchback, Fastback и Wagon.

Автомобилот доаѓа со поелегантен дизајн, повеќе технологии и повисока безбедност, како и во нова модификација со хибриден погонски систем. Иновацијата во портфолиото на моделот е воведувњето на спортската верзија N Line, која од ова лето ќе биде првпат достапна и кај верзијата комби.

Во опремата за безбедност Hyundai SmartSense на новиот Hyundai i30 се вклучени систем за следење на патиштата, Rear Collision-avoidance Assist (RCA), Blind Spot Detection (BSD), система за препознавање на пешаци, автоматскифарови, адаптивна круз-контрола и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK