Почна продажбата – во октомври се првите испораки на Volkswagen ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека на 20 јули во центрите за продажба на компанијата ќе почне слободна продажна на целосно електричниот и прв претставник од целосно новото семејство на автомобили ID- ID.3. Во прво време корисниците ќе имаат можност да бираат меѓу седум конфигурирани верзии на електромобилот, а првите испораки кон клиентите ќе бидат извршени во октомври.

Шест од оригиналните модификации на ID.3 се развиени на база на нивото на опремување ID.3 Pro Performance, чија опрема вклучува батерија со капацитет од 58 kWh за слободен опсег до 420 километри, електромотор со моќност од 205 коњски сили и вртежен момент од 420 Нм, како и конфикурација со заден погон.

Без дополнително опремување, стартната цена е поставена за 35.575 евра, а во Германија потрошувачите имаат можност да ги искористат субвенциите од речиси 10.000 евра. Седмата верзија на ID.3, која ќе биде достапна за купување од 20 јули е Tour и таа располага со батерија од 77 kWh, ветува автономност до 550 километри. Со можност за брзо полнење (до 125 kW), основната цена е поствена за 40.936 евра.

Од Volkswagen исто така велат дека после неколку месеци ќе почнат продажбите и на основната верзија на ID.3, каде батеријата ќе биде со помал капацитет (слободен опсег до 30 километри), но и стартна цена која ќе биде под 30.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK