Натпреварувачите на релито Дакар 2018 полека ги загреваат своите возила, а после две етапи фаворитите полека се издвојуваат.
Минатогодишниот победник во конкуренција на автомобили, Стефан Петерхансел после тешкиот ден на стартот го поправи времето и сега е на 2. место така што останува во трка за титулата. Меѓу првите десет има дури четири возачи на Peugeot со што само се потврдуваат најавиде дека оваа компанија има најголеми шанси за да стигне до титулата.
Како ќе одминува времето така ќе станува сè појасно кој од возачите ќе има поголеми шанси да триумфира.
Инаку, во трката е и поранешниот тренер на Порто, Челзи, Тотенхем и Зенит, Андре Вијас Боаш. Тој после две етапи е на 43. место, а во својот прв рели предизвик доцни дури 3 часа 36 минути и 34 секунди зад лидерот.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (ПОСЛЕ 2. ЕТАПА)
МОТОРИ
- Хоан Бареда Борт (Monster Energy Honda Team) 3:18.36
- Адриен Ван Беверен (Yamaha Official Rally Team) +2:30
- Матијас Валкнер (Red Bull KTM Factory Team) +4.50
- Сем Сандерленд (Red Bull KTM Factory Team) +5.04
- Пабло Квинтанила (Rockstar Energy Husqvarna FR) +5.44
АВТОМОБИЛИ
- Сирил Деспрес (Team Peugeot Total) 3:21.18
- Стефан Петерхансел (Team Peugeot Total) +0.27
- Жинил де Вилирс (Toyota Gazoo Racing Sa) +5.44
- Себастијан Леб (Теам Peugeot Total) +6.09
- Насер Ал-Атијах (Toyota Gazoo Racing Sa) +12.15
КАМИОНИ
- Едуард Николаев (Kamaz-Master) 3:50.07
- Ales Loprais (Instaforex Loprais Team) +5.38
- Федерико Вилагра (Infinia Diesel Team De Rooy) +9.33
- Martin Kolomy (Tatra Buggyra Racing) +13.07
- Ton Van Genugten (Petronas Team De Rooy Iveco) +20.50