Почина Ники Лауда

ОБЈАВЕНО НА:

На 70. годишна возраст во Австрија, почина легендарниот Формула 1 возач, Ники Лауда

“Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделникот” стоеше во краткото соопштение објавено од неговото семејство во австриските медиуми.

Лауда беше роден на 22 февруари 1949 година, а остави голема трага во мотоспортот. Возеше за March, BRM, Ferrari, Brabham и McLaren, а во својата кариера забележа 25 победи, 54 подиуми и 24 пол-позиции. Во сезоните 1975, 1977 и 1984 година завршуваше како лидер на генералниот пласман.

Лауда уште минатата година беше подлежен на операција на срцето, а врз него беше извршена и трансплатација на бели дробови. Како причина за смрта се наведува проблеми со срцето.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK