Карлос Сајнц-сениор е во преговори со Mini и со Toyota за да продолжи со учеството на маратонското натпреварување рели „Дакар“ и следната година. Во јануари двократниот светски шампион во рели успеа по вторпат да победи на релито Дакар со тимот на Peugeot откако победи со 43 минути предност во однос на Насер Ал-Атија од Toyota.
За Peugeot ова беше последно учество на рели „Дакар“, а ваква одлука од Сајнц се очекуваше откако во текот на пролетта ги тестираше возилата на Toyota и Mini во Мароко.
И од двата табори најавија дека се воодушевени од претставувањето на матадорот, но напомнаа дека решението ќе биде исклучиво негово.