Победи со ВИП и посети го Kennedy Space Центарот на NASA

ОБЈАВЕНО НА:

Операторот Вип го поддржува Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE кој од денеска до 30 април се одржува во Скопје. Станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот, настан на којшто компјутерски програмери соработуваат интензивно на софтверски проекти.

На настанот во организација на вселенската агенција NASA, чија главна задача е истражување на вселената на светско ниво се случува истовремено на 6 континенти, во 170 градови со над 15.000 учесници.

“Како компанија која е секогаш во тек со најголемите технолошки случувања во светот, ни претставува огромна чест што сме дел од овој светски натпревар. Поддржувањето на настани што се од големо значење за заедницата а кои вклучуваат можност за напредок на талентирани млади луѓе е една од нашите заложби затоа што сме дел од ова општество и наша обврска и посветеност се да помогнеме тие да ги остварат своите идеи. Ние како компанија сакаме да ги охрабриме младите луѓе да тргнат на ова патување, на кое што ние ќе им бидеме верен и доверлив пријател, подготвен да овозможи реализација на нивните идеи преку нашите системи за поврзување и напредни технолошки платформи ”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип.

За наградата од Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички ќе работат на креирање на решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената.

Победникот ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност во живо да го следи полетувањето на вселенско летало како и да го презентира своето решение пред претставници на NASA.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK