недела, 25 октомври, 2025 година

Побарувачката на дизел возилата падна за 8 проценти

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Анализата направена од страна на JATO Dynamic за 2017 година вели дека за време на 12 месеци била намалена побарувачката на дизел возилата и тоа за 7,9 проценти. Бројот на продадени возила е 6,76 милиони, а тоа е 43,7 проценти од вкупниот пазад во Европа во 2017 година.

Ваквите бројки се премногу ниски и претставуваат убедливо најниска продажба во последните десет години.

- Advertisement -

За разлика од падот на дизел возилата забележан е пораст на бензинците за 10,9 проценти односно за 760.000 возила.

„Основната причина за порастот во 2017 година е благодарение на СУВ возилата кај кои е забележана продажба од 4,56 возила во текот на 2017 година“, велат од JATO Dynamics.

Според вкупните податоци забележано е подобрување во бизнисот со новите автомобили во Европа. Крајниот резултат е 15,57 милиони возила и тоа е убедливо најдоброто постигнување во Европа уште од 2007 година.

Од агенцијата велат дека причината за овие бројки е во зголемената побарувачка в Источна и Јужна Европа, каде има зголемување од 12,7 односно 6,2 проценти.dize

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја