Првото Porsche 911 S Targa, испорачано во Германија, го прослави своето спектакуларно враќање. После сериозно реставрирање кое траеше повеќе од три години во фабрички услови за реставрирање, автомобилот повторно е на патот. Овој 911 S Targa е доставен до продавачот на Porsche Hülpert во Дортмунд на 24 јануари во 1967 година.
Историјата звучи неверојатно бидејќи сегашниот сопственик, долгогодишен колекционер и ентузијаст на Porsche, го најде автомобилот преку океанот во САД. „Targa останала таму бесцелно во гаража речиси 40 години, покриена со пластична церада. Претходниот сопственик едноставно го заборавил автомобилот“, вели Уве Макруцки, раководител на Porsche Classic Factory Restoration во Porsche AG.
Како и таканаречената верзија со мек прозорец, и оваа рана Targa има мек заден прозорец место таклениот, достапен за моделот од 1967 година. Само 925 примероци со Ѕ-мотор, кратко растојание меѓу оските и мек прозорец се произведени од Porsche меѓу крајот на 1966 и 1968 година.
Состојбата на реткиот спортски автомобил не била добра. Откако му служела на продавачот на Porsche Hülpert како автомобил за демонстрација, тој бил продаден во САД во 1969 година. Од 1988 година до крајот на 2016 година отворениот 911 бил паркиран во споменатата гаража во Лонг Бич во Њујорк.
Филозофијата на фабричкото ресетирање на Porsche Classic е автомобилите да се реставрираат така што ќе бидат поверодостојни на оригиналот. После 1000 чса работа над купето, 911 Targa рачно обоена во поло-црвена, точно како што била пред да биде испорачана пред повеќе од 50 години.
Како целост неопходни биле повеќе од три години за да може да биде доставен првиот 911 S Targa во Германија, да биде вратен во нова сотојба со експертиза на производителот.