По пет години: Land Rover доби на суд – осудeни Кинези за плагијат

ОБЈАВЕНО НА:

После долга битка на суд која траеше пет години, Jaguar Land Rover конечно го доби случајот што го поведе против Jiangling Motors поради нарушени авторски права. Спорот почна во 2014 година кога кинескиот производител пушти во продажба целосна копија на Range Rover Evoque под името Landwind X7.

Двата автомобили практично имаат идентична каросерија, еднакви фавори и уште ред на други „општи“ елементи. Плагијатот го чинеше Jaguar Land Rover сериозен пат во продажбата, а како и многу Кинези едноставно ги монтираа амблемите на Range Rover на драстично поевтините Х7, а разликите меѓу оригиналот и копијата дури им биле тешко воочливи дури и на експертите.

Британците поднесоа тужба против Jiangling Motors веднаш после дебито на пазарот на копијата. Кинезите жестоко одрекуваа дека го украле моделот, а во 2016 година локалното биро за интелектуална сопственост ги поништи патентите на дизајнот и на двата модели, со што надежите на компанијата од Велика Британија да се избори за своите права целосно згаснаа.

Неочекувано промената настана минатиот петок, кога окружниот суд на Пекинг донесе одлука дека Range Rover Evoque поседува пет уникатни детали, кои се преокупирани во Landwind X7 и на тој начин од Jiangling Motors ги имаат доведено клиентите во заблуда. Сѕдууте изрекоа прекин на производството, продажбата и рекламирањето, а на Jaguar Land Rover треба да му биде исплатена компензација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK