По Leon, ќе дојде ли и новата генерација на Toledo?

ОБЈАВЕНО НА:

Можно ли е враќање на Toledo во понудата на Seat откако шпанскиот производител ја претстави новата генерација на Leon?

X-Tomi Design на интернет го објави рендерот од можниот изглед на овој седан. Истиот во целост е инспириран од новата генерација на Leon како и од моделот Audi A3. Авторот на рендерот најавува дека новата, петта генерација на Toledo би се базирала на MQB платформата.

Во моментов Seat во својата понуда нема седански модел, па иако нема официјална потврда за производството на овој модел, многу е извесно дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Инаку токму Toledo беше единствениот седански модел во понудата до пред неколку години. Четвртата генерација од овој модел се произведуваше во периодот од 2012 до 2018 во Млада Болеслав. Првата генерација на овој модел беше претставена во далечната 1991 година кога беше лансиран како наследник на моделот Malaga.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK