недела, 25 декември, 2025 година

По EQC, Mercedes-Benz подготвува електрична S класа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако пред два месеца во Стокхолм (Шведска) Mercedes-Benz го претстави електричниот SUV, ЕQC, германските медиуми пишуваат дека во напредна фаза е развојот на целосно електричната S класа.

Електричната изведба на S класата како што тврди Autocar повикувајќи се на добро упатени германски извори, ќе се базира на новата платформа развиена од страна на германскиот прозиводител за електрични модели. EQS моделот како што е именуван овој пандан на S класата, во однос на димензиите ќе биде идентичен како и CLS моделот. Тоа значи дека должината ќе биде околу 4.937 мм, ширината 1.881 мм додека висината 1.418 мм. Во однос на меѓуоскиното растојание истото ќе изнесува 2.874 мм.

- Advertisement -

Иако нема конкретни технички детали, сепак изворот наведува дека EQS ќе располага со два електрични мотори, по еден на секоја осовина и благодарение на овие мотори ќе располага со околу 400 КС и 750 Nm.

Производството најверојатно ќе се спроведува во фабриката на Mercedes во Зинделфинген, а во продажба се очекува да се појави не подоцна од првиот квартал 2020 година. По EQS, според плановите на Mercedes-Benz, на пазарот се очекува да биде претставена и хечбек електричната изведба на серија А односно моделот ЕQA со што значително би се зголемила понудата на електрични возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја