По четири месеци пауза продолжува производството на Fiat во Крагуевац

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од речиси четири месеци повторно со работа започна фабриката на Fiat во српскиот град Крагуевац, потврдија од Самостојниот Синдикат на FCA.

Сите вработени во фабриката беа на платено отсуство поради пандемијата на коронавирусот уште од 16 март, но сега повторно се вратени во производствените погони.

“Во фабриката утрото во 6 дојдоа работниците од првата смена, а од 14 часот и работниците од втората смена” изјави заменик претседателот на Самостојниот синдикат на фабриката Небојша Мандариќ.

Иако не можеше да го наведе обемот на производство, тој за српските медиуми изјави дека сите работници ги следат пропишаните мерки, а за секој работник обезбедни се заштитни маски, наочари и дезинфекциони средства.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK