Најпрво поради Брегзит, а потоа и поради пандемијата од коронавирусот, Велика Британија сеуште мака мачи со автомобилската индустрија. Првиот настан придонесе за голем дел од производителите да го напуштат “Островот” или затворат дел од погоните. Вториот директно влијаеше врз намалувањето на продажбата.
Сепак ова не е пречка темпераментните Британци во целост да апстинираат од купувањето нови автомобили.
Заклучно крајот на јули, најголем дел од Британците кои купија нов автомобил годинава довербата ја дале на Ford Fiesta. Овој мал градски автомобил е купен од страна на 26.519 Британци. По него следи Focus кој е продаден во 23.126 примероци додека на третата позиција се наоѓа Vauxhall Corsa со 23.101 примерок.
Значителен дел од Британците односно 21.825, својата доверба ја дале на Volkswagen Golf, а во топ 5 автомобилите кои најмногу ги купуваа Британците се наоѓа уште и Nissan Qashqai со 17.777 примероци.
Во топ 10 најпродавани автомобили во Велика Британија за периодот од јануари до крајот на јуни се наоѓаат уште Mercedes A класа (17.648), Mini (15.146), Volkswagen Polo (13.046), Volkswagen Tiguan (12.822) и Toyota Yaris (12.676).