По 33 години Alfa Romeo се враќа во Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на Sauber си најде нов партнер за следната сезона, а во своите болиди би требало да има мотори од Alfa Romeo. Ова е производителот на мотори кој планира да се врати во Формула 1 после пауза од дури 33 години.

За овој договор уште нема официјална потврда ниту од едната ниту од другата страна, но информациите говорат дека Sauber и Alfa Romeo имаат договорено сè и останува само да почнат со конструирање на новиот болид за 2018 година.

Засега не е познато кои ќе бидат возачите во Sauber следната сезона, а се споменуваат два талентирани возачи на Ферари. Едниот е првакот во Формула 2, Charles Lecierc, а другиот Antonio Giovinazzi. Италијанецот веќе настапи на почетокот на 2017 година на две трки за Sauber кога го менуваше Pascal Wehrein. Инаку, сезоната ја заврши на 2. место во британското и европско Ф3 првенство.

Аlfa Romeo има богата традиција во Формула 1 бидејќи има две титули од 1950 и 1951 година, како и победи на 10 трки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK