По 29 години доаѓа наследник: Jeep на 3 септември ќе претстави нов модел

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Jeep се држи според стратешкиот план усвоен пред три години. Така за оваа година беше планирано да се промовира новиот модел Grand Wagoneer, а премиерата ќе се одржи на 3 септември.

Станува збор за модел кој е директен наследник на моделот Wagoneer кој се произведуваше во периодот од 1963 до 1991 година. Она што засега е познато е дека ќе има Pentastar V6 мотор со 5,7 и 6,4 литарски HEMI V8 бензински мотор. Истите овие мотори ќе бидат достапни и во mild-hybrid верзија со автономија од околу 50 км и осум степен автоматски менувач.

Се знае и дека овој SUV доаѓа и со start-stop опција, целосно дигитална инструментална табла, 12 инчен екран осетлив на допир, систем полу-автоматско возење со автономија од трето ниво…

Почетокот на производството, а со тоа и продажабата на овој модел се очекува да започне не подоцна од вториот квартал следната година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK