Минатиот викенд во Велика Британија беше продаден Ford Focus RS произведен во 2011 година за сума од 49.000 евра, а тоа е огромна сума ако се знае дека се работи за возило каде што новите модели чинат далеку помалку.
Со истите пари купувачот можел да дојде до новиот Focus RS и притоа да заштеди пари во изност од 12.500 евра, како и Ford Ka+ ili Ford Fiesta во основната верзија.
Сепак, во целата приказна има и еден друг момент. Возилото за кое беа дадени 49.000 евра имало поминато само 29 километри во периодот од шест години така што е речиси сосема нов. Со оглед на цените на некои стари возила на Форд во Британија оваа инвестиција може и да се покаже како добра бидејќи за период од 10 до 20 години може да дојде до одлична заработувачка.
Колку за потсетување, неодамна Ford Sierra Cosworth RS500 од 1988 година беше продаден за 125.000 евра, а Escort Cosworth Lux произведен во 1996 година со минати 1300 километри за 101.000 евра.