Платил 22,7 милиони евра за цртежи на Aston Martin Vanquish

ОБЈАВЕНО НА:

Непознат купувач платил 22,7 милиони евра за целата техничка документација и машинска опрема за производство Aston Martin Vanquish, чие производство во 2017 година беше запрено. Британската компанија нема јавно објавено ваква продажба, но договорот во јуни бил споменат на една од страниците за специјалниот извештај на Aston Martin, пред неговото пуштање на берзата.

Извештајот не дава никаква информација за мистериозниот купувач. Според Automotive News не е исклучено тоа да е кинески производител, кој бара лесен пристап до технологии. Не е исклучено за документацијата да има платено и некое од европските тјунинг студија, како што се Mansory или Ares, кои планираат сопствени модели.

Меѓу потенцијалните е дури и Lotus, чиј сопственик Geely развива платформи на лимови од алуминиумски листови како што се оние што ги користи Aston Martin. Сепак, Vanquish со мотор напред не се вклучува во актуелната понуда на компанијата.

Aston Martin го прекина производството на флагманот во минатиот ноември. Последната верзија Vanquish S беше опремена со 5.3-литров атмосферски V12 мотор со моќност од 603 коњски сили и максимален вртежен момент од 630 Нм. Наследник на моделот е DBS Superleggera.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK