Се што е скапо не значи дека е беспрекорно и без маана. Така е и со автомобилите. Ако сте платиле неколку десетици илјади евра очекувате тоа да ве служи без проблем. И кога ќе дознаете дека има некој фабрички проблем веројатно би се изнервирале многу. Но, што доколку возилото сте го платите 100.000 или 200.000 евра?
Тоа е случајот со сопствениците на одреден број возила од брендот McLaren произведени во периодот од 7 октомври 2016 до 26 февруари 2020 година. На адресата кај некои од нив стигна писмо со кое ги потсетуваат да го посетат овластениот сервис.
Во образложението од комисијата за заштита на безбедноста при Европската комисија се вели дека причината за ваквата одлука е што: „ Вибрациите и перничето од пена (NVH подлога) сместено под резервоарот за гориво, може потенцијално да ја задржи корозивната влага од околината што може да предизвика микро-порации во резервоарот за гориво. Како резултат на тоа, мало количество гориво може да протекува, што претставува ризик за сообраќајот“.
Со овој повик за сервис е опфатени модлеите * McLaren 720s – (7 октомври 2016 – 26 февруари 2020) – Notification_A12_00780_20_en
* McLaren 570GT – (1 мај 2016 – 15 март 2019) – Notification_A12_00780_20_en (1)
* McLaren Senna (26 април 2016 – 14 декември 2019). – Notification_A12_00780_20_en (2)
* McLaren GT – (10 август – 13 март 2020 година. – Notification_A12_00780_20_en (3)