Школски пример за целосно неуспешно спроведување на план е помалку познатиот германски производител на автомобили Borgward.
Раководството на компанијата која е во кинеско мнозинско сопствеништво пред само неколку години планираше дека заклучно 2020 година ќе продаде 800.000 нови возила од овој бренд во Европа, но продаде само 5.000 – далеку помалку од планираното.
Причините за овој неуспех на стотици милиони вложени евра е непозната, но германските медиуми пишуваат дека најголемата причина е финансискиот скандал во кој се најде Чарлс Женгуан Лу.
За оние кои не знаат, Borgward е популарен бренд во 50-те години на минатиот век. Историјата кажува дека оваа компанија е основана во далечната 1905 година од страна на Карл Боргвард. Овој инжинер и индустријалец во населеното место Фарел во близина на германскиот град Бремен во 1905 година создава работилница која потоа прераснува во фабрика за автомобили.
Hansa 1500 и Isabella се најпознатите модели на овој производител кој поради финансиските проблеми со кој се соочува во втората половина на 50те години престанува да постои во 1961 година, само две години пред смртта на основачот.