План за 4 години: Hyundai сака да биде азиски бренд број 1 во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов најдобар азиски бренд во Европа е јапонска Toyota, но ако се оствари планот на корејски Hyundai тогаш тие за четири години би требале да го превземат приматот. Hyundai напредува самоуверено на пазарот, од 2008 година до денес корејскиот производител демонстрира не само премиум претензии, туку и 87 % раст.

Раководството на компанијата сакаат тие да станат најсилно застапен азиски бренд на Стариот континент до 2021 година – или со други зборови, да се надмине актуелниот лидер во лицето на Toyota.

Амбициозната стратегија на брендот вклучува промоцијата на вкупно 31 нов модел во следните четири години. Во иднина Hyundai ќе се развива во три клучни области: прво – дизајн кој според анкетите е причина број еден купувачите да изберат токму Hyundai; второ – поврзување и дигитализација, и трето – пристапност, комбинирана со 5-годишна гаранција без ограничување во километражата.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK