Од Велика Британија пристига интересна понуда вредна 66.000 долари и тоа за лице кое е подготвено да патува со цел да открива нова храна. Ако, пак, ви е интересно да го правите ова односно постојано да сте на пат, а притоа да пробувате нови егзотични јадења тогаш можете да поднесете молба бидејќи оваа работа може да ви го исполни сонот.
Целта на компанијата од Велика Британија е да ангажира „Директор за вкус“, кој своето време ќе го поминува на пат низ светот и притоа ќе биде во потрага по нова храна, по што ќе треба да поднесе извештај до компанијата.
Најуспешниот кандидат ќе добие плата од 50.000 фунти што е еднакво на 66.000 долари, а сите трошоци за патувањето и храната ќе бидат покриени како и 28 денови годишен одмор. Vibrant Vegan Co е нова услуга за претплата на храна на растителна основа, која работи во тесна соработка со детската хуманитарна организација War Child за справување со детскиот глад во воените зони низ целиот свет.
За да се добие работата лицето кое аплицира не мора да биде веган. Сепак, тоа е услов за да се фокусира само на растителните состојки во храната.
Работата ќе вклучува до четири месеци посета на земји како Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапонија, каде ќе се откриваат нови состојки и рецепти кои компанијата ќе треба да ги вклучи во своите продукти. Ќе се работи 35 часа неделно, а од кандидатот ќе се очекува само да помогне за создавањето на странски партнерства за да се добијат нови состојки за компанијата.
За да се аплицира, сепак, ќе биде неопходно искуство. Од компанијата се вели дека кандидатите ќе треба да се соодветно класифицирани со најмалку три години работно искуство во бизнисот со храна или како готвачи. Ќе има процес на темелно интервју, како и комплетни проверки на работната историја, а кандидаите исто така ќе треба да поминат и внатрешен тест за вкус за да се процени дали нивната палета е „соодветна“.