Pininfarina има хиперавтомобил: До 100 км/ч за помалку од две секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Италија, Pininfarina пред неколку години беше спасена од гигантот од Индија, Mahindra, а новиот сопственик веќе почнува да ги открива комплетните планови за обновување на легендарното дизајнерско студио, кое се занимавало и со производство.

Оваа компанија беше трансфоримирана во Automobili Pininfarina и ќе произведува електромобили, а акцентот во понудата ќе биде ставен и на електрични СУВ возила. На пазарот прв се очекува да се појави електричен хиперавтомобил.

Тоа треба да се случи во 2020 година, а цената на возилото ќе биде 2 милиони евра. Од компанијата велат дека тоа ќе биде вистински хиперавтомобил, кој ќе може да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од две секунди.

Што се однесува до електронските СУВ модели на Pininfarina, најевтиниот модел ќе биде со цена од 150.000 евра, а компанијата ќе продолжи да го помага тимот на  Mahindra во светскиот шампионат на електричните болиди во Формула Е.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK