Пилотите открија пет тајни за патување со авион

ОБЈАВЕНО НА:

Дали некогаш сте си го поставиле прашањето што се случува во пилотската кабина за време на летовите и како тече еден лет.

Често се слуша гласот на капетанот кој им зборува на патниците во авионот без разлика дали е тоа за да посака пријатен лет или да ја соопшти информацијата за временските услови и висината на која се лета.

Сепак, што крие пилотската кабина мистерија за многумина, па затоа е интересно да се дознаат неколку тајни. Во продолжение можете да видите пет добро чувани тајни, кои се споделени од самите пилови од различни авиокомпании.

  1. Автопилотот ја врши целата работа

Пилотите во авионите главно се ангажирани за време на полетувањето и слетување, а останатиот дел од летот го оставаат во рацете на автопилотот. Многу модерни авиони и аеродроми дури располагаат и со технологијата „автоленд“, која дозволува автоматско слетување и може да се користи и при влошени метеоролошки услови.

2.Пилотите често прават фотографии за време на летото

Се разбира тука не зборуваме за секој пилот, но има и такви, кои сакаат да се оддадат на фотографирањето за време на летот и дури ги објавуваат и на социјалните мрежи.

3. Употребата на електрични апарати нема да предизвика несреќа

Иако тоа е една од првите работи кои се слушаат откако ќе се влезе во авионот, користењето на телефонот нема да биде причина за несреќа на авионот. Во интерес на вистината досега нема евидентиран случај дека се случило такво нешто.

4. Авиокомпаниите ги тераат пилотите да летаат со најмалку можно гориво

Со зголемувањето на конкуренцијата цение на авионски билети стануваат сè подостапни, а тоа, пак, бара придржување на високи нивоа на ефикасност од страна на авиокомпаните.Тоа значи дека пилотите се принудени да не летаат со повеќе гориво од она што е доволно за да може авионот да биде полесен.

5.Авиокомпаниите манипулираат со времетраењето на летот

На почеток на секој лет се добива информација околу времетраењето на летот. Авиокомпаниите често соопштуваат подолго времетраење на летот од реалното бидејќи така се штитат од доцнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK