Пикапите ретко учествуваат во краш тестовите на Euro NCAP, но на еден таков се најде моделот D-MAX на Isuzu.
Овој пикап освои максимални, пет од пет ѕвезди забележувајќи одличен скор на сите четири параметри.
Во однос на безбедноста на возачот освои скор од 84%, во однос на безбедноста на децата на задната клупа 86%, во однос на безбедноста на пешаците 69%, а за безбедносната асистенција 83%.
Краш тестот може да го погледнете во продолжение.