Пикапот на Honda и неговиот нов изглед (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Втората генерација на Honda Ridgeline се појави во 2016 година, а сега производителoт го освежи моделот придавајќи му на пикапот модерни елементи. Падот на побарувачката на Honda Ridgeline го натера производителот од Јапонијад да размисли за актуелизирање на изгледот на моделот. Доколку надворешноста на Ridgeline беше мека и донекаде наликуваше на кросовер, сега новиот модел изгледа многу построго.

Пикапот на Honda има нова голема осумаголна решетка, редизајнирани LED фавори и модификуван преден браник со големи странични зафати на воздухот што ја подобруваат аеродринамиката. Исто ака се различни и предниот капад, страничните браници и додадените квадратни лакови на тркалата. Покрај тоа, производителот обезбеди различна боја на попречните шипки меѓу фавори, тие можат да бидат со црн сјај или хром во зависност од избраната конфигурација.

Промените одзади не се толку драстични. Тие се сведоа на нов браник и двојни издувни цевки. Изгледот го комплетираат 18-инчните тркала. За оние купувачи, кои сметаат дека стандардниот пикап не е доволно брутален се нуди пакетот Honda Performance Development (HPD), кој вклучува уникатен дизајн на решетката, црни пласттични облоги на тркалата, специјални графики на HPD по ѕидовите на каросеријата и бандажи со бронзена боја.

Honda Ridgeline

Внатрешноста на Honda Ridgeline 2021 исто така не останува непроменета, неговата опрема вклучува мултимедиски систем и нови облоги. Особено, верзијата Sport додава ткаени вкошки и контрастни споеви на седиштата,додека варијантите RTL и RTL-E додаваат дополнителен акцент над контролната табла, воланот и централната конзола.

Новиот пикап се напојува од 3.5-литарски, VTEC, V6 мотор со моќност од 280 коњски сили и има максимален вртежен момент од 355 Нм. Моторот работи во комбинација со 9-степен автоматски менувач. Како опција се нуди и систем со погон на сите тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK