Пијте течности: Жеден возач е многу опасен на патот!

ОБЈАВЕНО НА:

Многу возачи претпочитаат да не пијат вода или други течности долгите патувања поради страв дека ќе имаат потреба од често одење во тоалет. Тоа може да се покаже како голем и сериозен проблем особено ако се најдат во мешаница на патот и заглават во сообраќајот. Сепак, се покажало дека жедниот возач е многу опасен на патот.

Истражувањето од страна на британскиот универзитет Лафбиро покажува дека игнорирањето на жедта од страна на возачите може да има тешки последици. Тие се категорични дека исушената уста и желбата за вода или сок се покажуваат како сериозно влијание врз активностите на возачите.

За таа цел научниците спровеле експеримент во кој учествувале 12 мажи. Секој од нив имал возачка дозвола повеќе од две години. Учесниците во експериментот влегле во улогата на лица кои посетуваат курсеви за возење и ги извршувале стандардните вежби. Првиот ден добивале по 200 милиграми вода на секој час, додека вториот ден дозата била намалена за 25 милиграми.

Резултатите се неверојатни. Првиот ден „курсистите“ направиле вкупно 47 грешки додека вториот ден нивниот број пораснал на 101, што е споредливо со резултатот на многу уморен возач поради ненаспаност или со пијан човек зад воланот.

Истражувачите истакнуваат дека поради дехидрирање кај возачите доаѓа до слабост, замор, болки во главата и дезориентација. Возачот почнува да ја губи концентрацијата, а неговите реакции забавуваат и брзо се заморува. Сето тоа го прави особено опасен на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK