Пијаниците нема да може да возат Volvo!

ОБЈАВЕНО НА:

Последната вест која доаѓа од шведскиот град Гетеборг се загрижувачки за љубителите на алкохолот, а воедно и сопственици (или идни сопственици) на Volvo автомобили.

Како што пренесува шведскиот производител Volvo, во своите автомобили наскоро ќе бидат инсталирани камери и сензори кои нема да дозволат поднапијаните возачи да го стартуваат својот Volvo автомобил.

Овие сензори и камери ќе бидат дел од сите модели на шведскиот прозиводител кои се темелат на SPA2 плтформата, а прв кој ќе го добие овој новитет ќе биде моделот XC90.

Камерите и сенозирте ќе имаат задача да го “анализираат” возачот, а во зависност од неговото однесување тој во најлош случај нема да може да го стартува своето возила. Алтернативно ќе може да добие и повик од Volvo Assistance Service на неговиот автомобил, а во најдобар случај ќе му биде дозволено возење, но со ограничена брзина.

Првиот човек на Volvo, Хакан Самуелсон најави дека и сите автомобили ќе добијат ограничување на брзината од 180 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK