понеделник, 25 декември, 2025 година

За колку време се разложуваат 1, 2 или 3 чашки алкохол во организмот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За опасностите од алкохолот во возењето не треба да се трошат зборови, а веќе е добро познато дека голем број од настраданите при сообраќајни несреќи биле под дејство на алкохол. Бројките се различни во различни земји, но во просек една третина од загинатите биле под дејство на алкохол.

Многу од возачите за жал не чекаат отрезнување и седнуват пијани зад воланот на автомобилот, а многу мислат дека се подготвени за возење пола час или еден час после пиењето. Тоа за жал не е точно и се работи за претерана самодоверба што исто така може да биде многу опасно.

- Advertisement -

Алкохолот долго останува во организмот и потребно е повеќе време. Честите контроли што ги прави сообраќајната полиција укажуваат дека не е мал бројот на возачи што управуваат автомобил под дејство на алкохол. Особено во петок и за време на викендите.

Што ни говори ова? После ноќна пијанка, алкохолот се задржува во организмот и возачите уште не се подготвени да седнат зад управувачот на автомобилот.

Знали, со алкохолот бидете внимателни, а особено со проценката кога можете да возите. Како ќе влијае алкохолот на вас? Тоа зависи од полот, годините, метаболизмот, тежината, видот на алкохолот, но и од тоа што имате јадено пред пиењето, како и нивото на стрес под кој сте изложени…

Британската организација за безбедност во сообраќајот Road Respect го анализираше консумирањето на алкохол и способноста за возење и на тој начин издаде препораки колку би требало да чекате после пиењето односно колку долго алкохолот останува во организмот. Обидете се да се придржувате до овие упатства.

ЧАША ВИНО (13,5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа

Два пијалоka – 7 часа

Три пијалоци – 10,5 часа

Четири пијалоци – 14 часа

Пет пијалоци – 17,5 часа

ЧАША ЖЕСТОК ПИЈАЛОК (40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 часа

Два пијалока – 3 часа

Три пијалоци – 4,5 часа

Четири пијалоци – 6 часа

Пет пијалоци – 7,5 часа

ПИВО (5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа

Два пијалока – 5 часа

Три пијалоци – 7,5 часа

Четири пијалоци – 10 часа

Пет пијалоци – 12,5 часа

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја