На почетокот на 2021 година, со лансирање на гамата што ќе ја предводи новиот PEUGEOT 308, со нова веб-страна и создавањето на STELLANTIS, ѕвездите се поклопуваат. На 25 февруари 2021 година, PEUGEOT го претстави своето ново лого: грб со ликот на лав. PEUGEOT од 1850 година има десет последователни логоа, од кои сите се со амблемот на лав.
Денес единаесеттата верзија, уште поедноставна, поквалитетна и поелегантна, штотуку креирана од PEUGEOT Design Lab, студиото за глобален дизајн на Брендот PEUGEOT. Овој нов грб со ликот на лав отсекогаш бил дел од брендот. Гордо зрачи и ги истакнува вредностите на брендот PEUGEOT.
Ова лого е дизајнирано да трае. А неговото значење е следно: безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет. Од африканските племиња до големите куќи во Франција и Европа, грбот претставува симбол на неговиот носител, со цел подобро да се идентификува.

Тоа е препознатлив симбол на припадност, на признавање. Тоа е синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло. Со него и својот нов визуелен идентитет, PEUGEOT ја спојува историјата и хипер-модерноста. Со овој грб, брендот PEUGEOT се стреми да освои нови земји, да го забрза својот меѓународен раст, извезувајќи француски стил и знаење, како и француска елеганција.
Брендот PEUGEOT врти нова страница во својата историја. Нова ера. Сега има нова задача и одговорност кон своите клиенти: да го трансформира нивното време поминато со Брендот, во квалитетно поминато време.
Да се доживее новиот идентитет на PEUGEOT, значи да се доживеат две искуства во едно: Прво, тоа значи да се живее во моментот. Во свет кој постојано се движи сè побрзо и побрзо, „времето“ стана еден од најретките, најскапоцени благодети.
Во овој свет, PEUGEOT им овозможува на оние кои сакаат да го сторат тоа, вистински да уживаат во сегашниот момент и да го искористат сето она што го нуди, да се има целосно, висококвалитетно искуство.

Возилата, импортерите/дилерите, производите, веб-страните, комуникациите, надворешните реклами… Сите овие елементи се контактни точки со Брендот што се поставени и усогласени во рамките на еден, разбирлив и мултифункционален систем.
Што се однесува до веб-страната, полека прераснува во „он-лајн продажба“ директно поврзувајќи се со корисниците. Едноставна, ефективна, интуитивна, извонредна, високо визуелна, динамична и деловно ориентирна, овозможува совршено флуидно искуство при продажба. Нејзините карактеристики Ви овозможуваат да сторите сè што вообичаено би направиле кога сте во продажниот салон, но овој пат oн-лајн: откривање, конфигурација, продажба, договори, финансирање, замена старо за ново итн.
Времето поминато он-лајн, со PEUGEOT, е корисно и ефективно.
Што се однесува до импортерите/дилерите, сега претставуваат место за уште почовечно, уште повизуелно и уште поедукативно искуство. Целта е да се доживее забрзување на енергетската транзиција во конкретни услови, за да се откријат нови опции за мобилност и нови технологии.
Соопштение на Еуроимпекс









