Peugeot освои три награди Automobiles Awards

ОБЈАВЕНО НА:

На церемонијата Automobiles Awards која беше организирана онлајн во Париз, новиот Peugeot 3008 ја освои наградата „Автомобил на годината 2020“ од публиката, Peugeot e-Expert доби специјална награда од жирито, а Peugeot беше прогласен за „Бренд на годината“ од извршните директори на 31 бренд од учесниците.

Во своето трето издание Automobiles Awards се стреми да ги одликува најзабележителните производители на автомобили и опрема, со врачување на околу 50 награди. Годинава победниците беа избрани од жири, со претседателство на Арно Дукре. Публиката ја додели наградата „Автомобил на годината 2020“, со која се дефинира најимпресивниот автомобил на годината од сите категории.

Гласовите, собрани од 245.000 гласачи, го избраа Peugeot 3008 и Porsche 911 S меѓу 11 кандидати во натпреварот. Новиот Peugeot 3008, претставен пред извесно време, бележи почеток на нова ера во модерниот стил со обновен преден дел и нови Full LED задни светла. Како олицетворение на силата на изборот се нудат plug-in хибриден, бензинов или дизелов мотор, кои ги комбинираат задоволството зад воланот и ефикасноста

Новиот e-Expert ја освои специјалната награда на жирито во категоријата леснотоварни превозни средства. Со својот 100 процентен електричен мотор, идеален пример за силата на изборот, новиот e-Expert нуди две нивоа на автономија со до 330 км по WLTP и дозволува неограничен пристап до градските центри.

Peugeot ја доби наградата „Бренд на годината“, која се доделува од извршните директор на брендовите учеснички.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK