Peugeot нема да учествува на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

На најпопуларниот саем за автомобили кој од 5 до 15 март ќе се одржи во Женева, учество нема да земе Peugeot.

Францускиот производител продолжува да ги “бојкотира” саемите откако минатата година одби да учествува на неколку саеми. Со ова, од Peugeot се надеваат дека ќе успеат да ги намалат трошоците, но и да продолжат да користат алтернативни методи за промоција, особено за новите модели, 208 и 2008.

Потврда за неучество на овој саем стигна и од Lamborghini, а се очекува во наредните денови и Citroen и Opel, кои заедно со Peugeot се дел од PSA Групацијата да донесат идентична одлука.

За потсетување, пред само неколку денови Audi објави дека нема да учествува на саемот за автомобили во Њујорк.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK