Peugeot нема да “преплива” преку барата – во фокусот останува Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Пред две години PSA Групацијата го објави планот за освојување на американскиот пазар. Според планот, освојувањето на пазарниот удел требаше да се направи преку брендот Peugeot.

За таа цел францускиот производител отвори и своја компанија, а купи и канцелариски простор. Исто така активно започна да работи и на создавање на дилерската мрежа. Сепак спојувањето со FCA и формирањето на Stellantis ги смени плановите

Peugeot, а ниту еден друг бренд на PSA Групацијата како DS, Citroen и Opel, нема да бидат присутни на американскиот пзар и нивниот фокус ќе остане на “Стариот континент”. Ова го потврди и портпаролот кој изјави дека новиот контекст на Stellantis за силното присуство во САД ќе се темели на постојните брендови.

Во фокусот останува Alfa Romeo, покрај останатите домашни брендови како Jeep, RAM и Dodge. Тука е и Maserati кој изминатите години забележа раст на продажбата во САД. Ова го потврди портпаролот во продолжението на интервјуто за Automotive News.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK