Peugeot ја освежи понудата на најмалиот модел 108. Воведени се неколку нови бои, измени има во ентериерот и воведени се повеќе можности за персонализација.
Така на пример сега воведена е Smooth зелената боја која ја заменува досегашната Green Fizz. Купувачите може да бираат и меѓу Diamond (бела), Zircon (сива), Raven (црна) и Anteleope (црвена).
Во внатрешноста измени има ов поглед на издувните отвори за клима како и подновените седишта.
Во понудата и натаму централното место го зазема 1,0 литарскиот бензински мотор од 72 КС.
Овој модел во понудата е воведен во 2014 година кога дојде како замена за моделот 107. Досега има претставено само една генерација па со ова освежување на некој начин се продолжува животниот век пред замената која се очекува во 2022 година.