Ако се мислеше дека Peugeot 308 GTI ќе биде најсилната верзија од Peugeot Sport тогаш оваа информација открива нов план во спортскиот оддел. Моделот за кој се размисlува ќе има и повеќе од сегашните 270 КС, и треба да биде предизвикувач на VW Golf R.
Тајната на Peugeot ја откри Патрис Делано во интервју за австралиски магазин потврдувајќи дека 1.6 литарскиот турбо мотор што сега се вградува во 308 GTI нема да биде најсилната верзија. Во компанијата работат и тестираат мотор што ќе биде уште посилен.
Според Делано, сегашната суспензија и сопирачките што ги има на 308 GTI може да издржи дополнителна сила на тестниот модел што го имаат. Возилото има повеќе од 400 Нм вртежен момент и засега нема проблеми.
Но, засега нема информација дали посилната верзија добила зелено светло да стане и продукциски модел.